Проф. д-р Ѓоко Буневски: Производството на сопствена храна, вода и енергија е приоритет на секоја земја, а Движењето ЗНАМ – За наша Македонија има стратегија за тоа да го оствари
Денеска беше промовиран дел од Програмата за земјоделство и производство
на храна од Прогласот за достоинствена Македонија на Движењето ЗНАМ – За
наша Македонија. За мерките пред новинарите зборуваше професорот Ѓоко
Буневски, кој рече дека Македонија е традиционално аграрна земја, со
учество на земјоделството во бруто-домашниот производ од околу 10
проценти, односно, заедно со преработувачката индустрија 12-15 проценти
и е на третото место, после индустрискиот сектор и услугите.
„Во Движењето ЗНАМ – За наша Македонија имаме преку 40 предлог мерки за
подобрување на секторот производство на храна, но тука ќе ги истакнеме
само поважните:
– Воведување забрана за пренамена на земјоделско земјиште од прва. до
трета категорија за друга намена, освен за производство на храна.
– Приоритетно доделување земјоделско земјиште на локалните фармери, а не
на странски инвеститори. Локалните фармери мора да имаат приоритет при
доделувањето земјоделско земјиште. – Форсирање на синџирот “од нива до
трпеза”.
– Субвенционирање по предадени земјоделските култури по загарантирана
откупна цена“, рече Буневски.
Тој додаде дека сме сведоци на состојбата каде земјоделските производи
се откупуваат од земјоделците и под нивната производна цена, што го
прави производството на храна непрофитабилно и неконкурентно. „Токму
затоа, рече тој, – сметаме дека е многу важно за развојот на оваа гранка
да се обезбеди откуп по загарантирани цени“.
Буневски потенцира дека покрај овие мерки, Движењето ЗНАМ ќе се заложи
да се зголемат субвенциите во земјоделството барем на ниво на соседните
земји, а буџетот од сегашните 160-180 милиони евра да се реорганизира и
да се воведат нови мерки за субвенционирање. Исто така, тој рече дека ќе
предложат мерки за да се намали, па дури и запре напуштањето на селото и
земјоделството, особено со поголеми стимулирања на млади фармери, на
жените фармери, како и поголеми погодности за отворање бизнис во овие
средини. Како што рече Буневски, ќе се обрне големо внимание на
мерките за подобрувањње на квалитетот на храната, а ќе се подобри и
степенот на советодавни услуги за земјодлеците, а особено за
современите технологии и иновации во секторот,
Професор Буневски потенцира дека многу важен сегмент е брендирањето на
традиционалните производи и производи со познато географско потекло и
рече дека во момментот 160 производи чекаат и стојат во фиока.
Како мерка која треба да се воведе, е и заштитата на генетските ресурси
во растителното и сточарското производство. Исто така за да може да се
подобри севкупната ситуација во овој сектор Буневски рече дека ЗНАМ ќе
воведе стипендирање на деца од земјоделски земејства на земјоделските
школи и факултети.
„Земјоделството бара долгогодишна стратегија, а не брзи политички
инстант решенија, која политичка партија доаѓа на власт, како од неа да
почнува се. Производство на своја храна, вода и енергија е приоритет на
секоја земја. Затоа сметаме дека е неопходно да дадеме максимум за
земјоделството, максимум за Македонија“, рече Буневски