loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Централен одбор на Движење ЗНАМ – За наша Македонија

На првиот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија кој се одржа на 22.02.2024 година избран е составот на Централниот одбор на партијата.

За Централниот одбор

Централниот одбор е највисок политички орган на партијата.
Централниот одбор функционира помеѓу два Конгреса и е со мандат во траење од четири (4) години.

Членови на Централниот одбор се:

  • претседавачот на Централниот одбор;
  • претседателот и потпретседателот/ите на партијата;
  • генералниот секретар и организациони секретари;
  • членови на Извршниот одбор;
  • претседател на Градската организација на Град Скопје;
  • претседателите на општинските организации;
  • членовите на извршни одбори на Клубот на жени и Клубот на млади;
  • претставници на другите тела на партијата и
  • пратеници, градоначалници, министри, зам.министри.

Централниот одбор:

  • донесува Деловник за работа;
  • утврдува Предлог-програма и Предлог-статут ;
  • врши измени и дополнувања на Програмата и Статутот меѓу два Конгреса;
  • избира и разрешува преседавач на Централниот одбор;
  • избира и разрешува потпретседатели, генерален секретар и организационен/и секретар/и;
  • врши верификација на членовите на Централниот одбор;
  • на предлог на претседателот на партијата, формира организационен одбор и други тела за подготовка на Конгрес;
  • води грижа за реализација на задачите на Конгресот;
  • дава идеи и иницијативи за работа на Конгресот;
  • по предлог на претседателот на партијата избира и разрешува членови на Извршниот одбор;
  • го разгледува и го усвојува извештајот за работа на претседателот на партијата;
  • го разгледува и усвојува извештајот за работа на Извршниот одбор;
  • го разгледува и го усвојува извештајот за финансиското работење на партијата;
  • дава политички насоки за делување на Градската организација на Град Скопје и општинските организации;
  • избира кандидати за пратеници и градоначалници;
  • формира други комисии и тела на партијата;
  • избира раководител на Центарот за комуникации и издавачка
    дејност;
  • избира раководител на Центарот за истражување и аналитика;
  • одлучува за соработка и заеднички настап со други политички партии;
  • донесува правилници за организациона поставеност и деловници за работа на органите и телата на партијата согласно со овој Статут;
  • донесува одлуки и други акти од своја надлежност;
  • донесува акт за висината и начинот на плаќањето на членарина;
  • избира шеф на Изборен штаб;
  • ја утврдува одговорноста на носителите на функции кои ги избира;
  • ги разгледува оспорените одлуки и други правни акти од страна на претседателот на партијата,

Македонија повикува!