loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Услови за донирање

Согласно Законот за финансирање на политичките партии, вкупниот износ на поединечната донација не смее да ја надмине сумата од 60 просечни нето плати од правни лица и 30 просечни плати од физички лица во Републиката, исплатени во претходниот месец и објавени од Државниот завод за статистика. Овој износ не смее да биде кумулиран повеќе од еднаш годишно.

Политичките партии не можат да се финансираат од:

  • влади, меѓународни институции, органи и организации на странски држави и други странски лица;
  • државни и локални органи надвор од средствата предвидени со Буџетот на Република Македонија;
  • јавни установи, јавни претпријатија, јавни фондови или други правни лица кои располагаат со државен капитал;
  • јавни претпријатија, јавни установи и јавни фондови формирани од општините;
  • претпријатија кои имаат најмалку 20% учество на државен капитал, јавни установи и институции вклучувајќи ги и тие што го започнале процесот на приватизација;
  • приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор;
  • здружение на граѓани (невладини организации), верски заедници или религиозни групи;
  • средства на претпријатија со мешовит капитал каде што доминантен сопственик е странски вложувач; и
  • анонимни или неидентификувани извори.

Донирај преку банка

Политичка партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија
Трансакциска сметка: 300000005090596
Депонент: Комерцијална банка, АД Скопје
Примател:Политичка партија Движење ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА
(со назнака: Донација)

Македонија повикува!