Генерален секретар на Движење ЗНАМ – За наша Македонија
На Седницата на ЦО одржана веднаш по завршување на првиот Конгрес на партијата за генерален секретар на партијата избран е Горан Минчев, дипломиран економист од Скопје, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на РМ, директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата.
За Генералниот секретар
Генералниот секретар на партијата се избира од страна на Централниот одбор, на предлог на претседателот на партијата. Генералниот секретар е член на Извршниот одбор на партијата. Мандатот на генералниот секретар трае четири (4) години, со можност за резибор. Генералниот секретар за својата работа одговара пред претседателот на партијата и пред Централниот одбор.
Генералниот секретар:
- учествува во работата на Конгресот, на Централниот одбор и на Извршниот одбор;
- е одговорен за водење и за одржување на регистарот на членови на партијата;
- ја води и ја организира архивската евиденција и документација на партијата;
- ги подготвува седниците на Централниот одбор и на Извршниот одбор;
- ја следи и ја контролира работата на општинските организации и на Градската организација на Град Скопје;
- го следи извршувањето на оперативно-политичките ставови, одлуки и заклучоци на партијата;
- административно ја организира подготовката на Конгресот;
- се грижи за персоналната политика на партијата;
- се грижи за финансиското работење на партијата;
- ја организира функционалната поставеност на седиштето на партијата;
- предлага акт за систематизација и организација на седиштето на партијата до Извршниот одбор;
- предлага именување и разрешување на раководни лица врз основа на актот за систематизација и организација на седиштето на партијата;
- предлага акти од делокругот на работа на седиштето на партијата до Извршниот одбор;
- предлага организациони секретари и регионални координатори до Извршниот одбор;
- потпишува акти од делокругот на неговата работа;
- формира работни групи во врска со работењето на седиштето на партијата и
- врши и други работи што како задачи ги добива од претседателот на партијата, од Централниот одбор и од Извршниот одбор.