Извршен одбор на Движење ЗНАМ – За наша Македонија
На првиот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија кој се одржа на 22.02.2024 година избран е составот на Извршниот одбор на партијата со вкупно 14 членови.
Членови на Извршен одбор
Извршниот одбор на партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија е во состав:
- Игор Филков, роден 1979 година, дипломиран правник, приватен стопанственик, од Скопје;
- Виктор Јовановски, роден 1972 година, менаџер и приватен стопанственик, од Скопје;
- Марин Алексов, роден 1986 година, Факултет за безбедност, вработен во приватен сектор, од Скопје;
- Ивана Ѓорѓиевска, родена 1973 година, филолог по општа и компаративна книжевност и македонски јазик, претседател на Советот на општина Куманово, во Куманово;
- Доц. д-р Јасмин Циривири, роден 1962 година, специјалист-ортопед, вонреден професор и началник на хируршки одделенија во ГОБ 8-ми Септември, од Скопје;
- Проф. д-р Бобан Карапејовски, роден 1987 година, доктор по хуманистички науки (македонски јазик и лингвистика), професор на катедрата за македонски јазик на катедрата на филиошкиот факултет Блаже Конески во Скопје, од Тетово;
- Проф. д-р Катерина Тодороска, родена 1963 година, во Прилеп, редовен професор, вработена во Институт за национална историја, Центар, од Скопје;
- м-р Радослав Настасијевиќ Варџиски, роден 1987 година, магистер по маркетинг менаџмент, експерт за маркетинг и стратегии, од Куманово;
- Соња Ѓорѓиоска родена 1962 година, доктор специјалист офталмолог, ПЗУ, од Гостивар;
- Ристо Николовски роден 1960 година, дипломиран правник, адвокат, од Прилеп;
- Марјан Младенов роден 1985 година, дипломиран економист, менаџер за лекари за Источна Македонија-Стручен соработник, од Струмица;
- м-р Виктор Ванкоски роден 1992 година, магистер по казнено право од Охрид;
- Јасминка Петковска родена1982 година, дипломиран политиколог, вработена во Министерството за животна средина и просторно планирање, од Скопје.
Извршнот одбор е политичко-извршен орган на партијата, со кој раководи претседателот на партијата. Членовите на Извршниот одбор ги избира Централниот одбор по предлог на претседателот на партијата. Извршниот одбор работи врз основа на политичките насоки, заклучоци и задачи на Конгресот и Централниот одбор.
Извршниот одбор по функција го сочинуваат:
- претседателот на партијата;
- потпретседателот/ите;
- генералниот секретар;
- претседатели на Клуб на млади и Клуб на жени;
- претседателот на Градската организација на Град Скопје;
- организационите секретари;
- координаторот на пратеничката група.
Извршниот одбор:
- донесува Деловник за работа;
- донесува одлука за основање на Градска организација на Град Скопје и општински организации;
- донесува одлука за основање на други тела, органи, комисии и форуми во зависност од потребите и задачите и усвојува деловници за нивна работа;
- именува и разрешува регионални кординатори на предлог на
генералниот секретар; - го разгледува финансиското работење на партијата и усвојува
годишна односно завршна сметка и годишниот финансиски
извештај; - именува и разрешува претседатели и членови на органи, комисии и други тела на предлог на претседателот;
- именува и разрешува организационен секретар/и на предлог на генералниот секретар;
- донесува акт за систематизација и организација на седиштето на партијата, на предлог на генералниот секретар;
- именува и разрешува раководни лица врз основа на актот за
систематизација и организација на седиштето на партијата, на
предлог на генералниот секретар; - донесува одлуки, акти и заклучоци од делокругот на работа на седиштето на партијата;
- меѓу два Конгреса предлага до Централниот одбор избор и
разрешување на претседател и членови на Надзорниот одбор; - утврдува листа на кандидати за пратеници;
- утврдува кадидати за градоначалник и за советници за Совет на Град Скопје во соработка со Градската организација на Град Скопје;
- утврдува каднидати за градоначалници во соработка со општинските организации;
- повремено ангажира надворешни советници на Извршниот одбор по предлог на претседателот на партијата;
- донесува акт за работата на Градскиот извршен одбор за подрачје на град Скопје и
- донесува акт за работата на општинската организација.