Информации од јавен карактер
Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Службен весник на Република Македонија бр. 101/2019), чл. 1 и чл. 9 од Упатството за начинот на спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Бр. 01-158/1 од 04.03.2020 год.), Движење ЗНАМ – За наша Македонија, објавува:
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
- 1. Информации кои се однесуваат на дејствувањето на политичката партија, а се утврдени со законите во Република Македонија и внатрешните акти на политичката партија (Статут, Програма, Правилници и др.);
- 2. Основни податоци за контакт со политичката партија и тоа: назив, адреса, телефонски број, број на факс, е-мејл адреса за комуникација и адресата на интернет страницата;
- 3. Податоци за претседателот на партијата (биографија) и основни податоци за органите на партијата;
- 4. Основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации во политичката партија и тоа: име и презиме, е-мејл адреса и телефонски број;
- 5. Список на вработени лица во политичката партија со позиција, службен емејл и службен телефон за контакт;
- 6. Законите со кои се уредува начинот, условите и постапката за основање, регистрирање и престанок на политичките партии; со кои се уредува начинот и постапката на обезбедување на финансиските средства, располагањето со средствата за тековната работа и дејствувањето на политичката партија; како и начинот на контрола на финансирањето и финансиско-материјалното работење на политичките партии; со кои се уредува начинот на формирањето, организацијата, функционирањето и финансирањето на партиските истражувачко-аналитички центри при политичките партии; како и законите кои се однесуваат на изборите;
- 7. Информации кои се однесуваат на приходите од Буџетот на РМ (чл. 9 и чл. 10 од Законот за финансирање на политичките партии);
- 8. Информации кои се однесуваат на приходите од членарината;
- 9. Информации кои се однесуваат на Регистарот на донации, односно Извештај за добиените донации;
- 10. Годишен финансиски извештај (за претходната година, кој се доставува до ДЗР, УЈП – согласно чл. 27 од Законот за финансирање на политичките партии);
- 11. Информации кои се однесуваат на приходите од продажба на промотивен и пропаганден материјал;
- 12. Информации кои се однесуваат на сопствените приходи на политичката партија (пр. од закупнина на движен и недвижен имот на партијата, камата на депозит депониран во банка, приходи од печатени или други изданија и др.);
- 13. Информации кои се однесуваат на приходите од кредит/и, односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партијата, ако обезбедува средства од кредит (посебна жиро-сметка);
- 14. Информации кои се однесуваат на приходите добиени од Министерството за правда за финансирање на партиско истражувачко-аналитички центри (чл. 10-а од Законот за финансирање на политичките партии), односно финансиски извештај за материјално-финансиско работење на партиско истражувачко-аналитички центар на партијата (посебна жиро-сметка);
- 15. Извештај со образец за примените донации на посебната трансакциска сметка за првите 10 дена од изборна кампања;
- 16. Извештај со образец за примените донации на посебната трансакциска сметка за изборна кампања;
- 17. Вкупен финансиски извештај со спецификација за трошоците за приходите и расходите во изборна кампања по одржани избори;
- 18. Ревизорски извештај од извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија на Финансискиот извештај на политичката партија од изборна кампања по одржани избори;
- 19. Годишен извештај за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, а кој е доставен до Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер во тековната година за претходната година;
- 20. Образец – барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и образец за жалба;
- 21. Информации кои се однесуваат на висината на надоместокот за материјалните трошоци за дадената информација, утврдени од страна на Владата на РСМ, а согласно чл. 28, ст. 3 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, односно Одлуката за утврдување надоместок за материјалните трошоци за дадената информација.