loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Претседател на партијата

м-р Максим Димитриевски

Максим ДИМИТРИЕВСКИ е градоначалник на Куманово од 2017 година. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за правни и политички науки на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Скопје, автор е на повеќе стручни трудови. Пред да биде избран за градоначалник, тој ја извршуваше функцијата Пратеник во Собранието на РМ и Претседател на Комитетот за безбедност и одбрана, Член на Законодавно-правната комисија, Заменик член на Комисијата за избори и именувања, Заменик член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Заменик член на Комисијата за локална самоуправа, заменик член на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО. Од 2009 до 2016 година беше Советник во Советот на општина Куманово, а од 2012 до 2016 година беше претседател на Советот на општина Куманово. На Основачкото собрание на Движење ЗНАМ – За наша Македонија на 9 ноември 2023 година во Куманово e избран за претседател на партијата.

Дел од историското интервју во Софија, Бугарија на БНТ1 на Претседателот Димитриевски

ПРИДРУЖИ НИ СЕ!