Надзорен одбор на Движење ЗНАМ – За наша Македонија
На првиот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија кој се одржа на 22.02.2024 година избран е составот на Надзорниот одбор на партијата со вкупно 5 членови.
Членови на Надзорен одбор
Надзорниот одбор на партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија е во состав:
1. м-р Урош Милошевски, роден 1988 година, Правен факултет-Правник, Карпош – Скопје;
2. Леона Кичеец, родена 1998 година, Дипломиран правник, советничка во Совет на град Охрид;
3. Ненад Стојановски, роден 1981 година, Дипломиран економист-насока Финансиски менаџмент, Раководител на сектор за даноци и такси во Општина Куманово, Куманово;
4. Бранислав Серафимовски, роден 1989 година, Дипломиран економист, вработен во Унија Смарт Акаунтинг, Гостивар;
5. Миле Климовски, роден 1960 година, дипломиран криминалсит, главен полициски инспектор во МВР во пензија, од Скопје;
Надзорниот одбор на партијата се бира на Конгрес, со мандат на членовите на Надзорниот одбор од 4 години. Надзорниот одбор го сочинуваат претседател и четири члена; Надзорниот одбор донесува Деловник за работа.
Надзорниот одбор:
- ја контролира финансиската и деловната активност на партијата;
- изготвува годишен извештај кој го доставува до генералниот секретар на партијата;
- поднесува извештај за својата работа до Конгресот на партијата;
- носи Кодекс за однесување на членовите на партијата и
- одлучува по жалби поднесени од членови на партијата против одлуки за нивна утврдена одговорност, исклучување или утврдено постапување спротивно на Статутот и Програмата на партијата.
- На Надзорниот одбор му се достапни сите релевантни податоци и документи од значење за работењето.