Потпретседатели на Движење ЗНАМ – За наша Македонија
На Седницата на ЦО одржана веднаш по завршување на првиот Конгрес на партијата за потпреседатели на партијата беа избрани д-р Павле Арсоски, доктор по историски науки, генерал мајор во пензија, од Скопје и Весна Бендевска, дипломиран психолог, поранешен пратеник во Собранието на РМ од Битола.
За потпретседателите
Потпретседателот на партијата се избира и разрешува од Централниот одбор на предлог на претседателот на партијата.
Во случај на потребата за избор на повеќе од еден потпретседател, еден од потпретседателите начелно се задолжува за меѓународна соработка. Потпретседател/ите имаат мандат со траење од 4 години. Потпретседател/ите имаат право на реизбор. Потпретседател/ите се членови на Извршниот одбор.
Потпретседател/ите на партијата:
- учествува во градењето и спроведувањето на политиките на партијата;
- ја креира надворешно-политичката стратегија на партијата;
- одржува редовна комуникација со претставниците на меѓународната заедница во државата и во странство;
- ги промовира политиките на партијата пред здруженијата на граѓани и други целни групи во општеството и
- го заменува претседателот на партијата во негово отсуство или спреченост за работа, по претходно овластување добиено од претседателот на партијата;