loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија

На Основачкото собрание на Движење ЗНАМ – За наша Македонија кое се одржа во Куманово на 9 ноември 2023 година, избрано е времено раководство на партијата, при што за Претседател на партијата избран е м-р Максим Димитриевски, идеен творец на граѓанскиот концепт и актуелен градоначалник на Општина Куманово.

На првиот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија кој се одржа на 22.02.2024 година, Димитриевски е ре-избран за Претседател на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, а воедно е избран и за кандидат за Претседател на Македонија предложен од редовите на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за претседателските избори во 2024 година.

БИОГРАФИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ

Претседателот на партијата:

  • ја претставува и ја застапува партијата;
  • претседава со седниците на Извршниот одбор;
  • активно учествува во креирањето на политиката на партијата;
  • донесува одлуки во делокругот на своите надлежности;
  • се грижи за спроведување на Статутот, Програмата и другите акти на партијата;
  • овластува потписници на жиро-сметката на партијата,
  • предлага потпретседатели и генерален секретар и предлага
    разрешување на истите,
  • предлага кандидати за членови на Извршниот одбор и предлага разрешување на истите;
  • предлага кандидати за други органи и тела на партијата согласно Статутот на партијата и предлага нивно разрешување;
  • склучува договори и потпишува правни документи и други акти;
  • предлага кандидати за Надзорниот одбор и предлага разрешување на истите;
  • формира Кабинет на претседателот на партијата и
  • за својата активност поднесува извештај еднаш годишно до
    Централниот одбор на партијата.

Македонија повикува!