loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Републички изборен штаб на Движење ЗНАМ – За наша Македонија

На Седницата на ЦО одржана веднаш по завршување на првиот Конгрес на партијата Централниот одбор го назначи  Горан Минчев, Генерален секретар на партијата да биде Шеф на централниот изборен штаб за претстојните претседателските и парламентарни избори во 2024 година.

Републичкиот изборен штаб е оперативно-извршен орган на партијата, кој се формира со одлука на Извршниот одбор на партијата, најдоцна три (3) месеци пред одржувањето на избори. Со републичкиот изборен штаб раководи претседател, кој го избира Извршниот одбор на предлог на претседателот на партијата. Републичкиот изборен штаб ги презема сите мерки и активности за организација и водење на политичка кампања на партијата за време на избори. Републичкиот изборен штаб може да формира регионални изборни штабови и општински изборни штабови. Со формирањето на општинските изборни штабови се суспендира работата на општинските организации на партијата. Работата и извршувањето на републичкиот изборен штаб завршува со завршувањето на изборите.

Македонија повикува!