loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Партиски симболи се лого, знаме и химна на партијата.

Партиското лого е акроним (кратенка) ЗНАМ испишан со печатни букви во сина боја на бела позадина, во кириличен фонт “Departura”, над буквата М е факел во стилизирана форма на пламен со 3 пламени јазици, од кои два се во црвена боја и еден средишен во жолта боја. Над акронимот ЗНАМ, со истиот фонт и помали букви е испишан зборот ДВИЖЕЊЕ во сина боја, а под акронимот ЗНАМ, со истиот фонт и помали букви се испишани зборовите ЗА НАША МАКЕДОНИЈА во сина боја.

Партиското знаме е со димензии во сооднос 3:5 и е со основа во бела боја, при што во неговиот централен дел е аплицирано гореспоменатото лого на партијата. Знамето е обрабено со златно-жолти реси.

Химната на партијата е инструментална верзија на македонската народна песна од партизанското народно-ослободително движење на Македонија во 2-та светска војна – „А бре Македонче“.

Лого на бела основа

Лого на сина основа

Химна

Македонија повикува!