Димитриевски денеска од Скопје порача: Нито досега, а ниту од сега, па натаму ќе се пазариме по било кој основ по било која цена
Максим Димитриевски, кандидатот за Претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија денеска имаше средби со граѓаните на Скопје. Во изјавата за медиумите Димитриевски со следната порака до оние, како што рече, во минатото се претставувале како зелени, а сега како Европски фронт, а всушност имаат една монолитна и моноетника политика со крајна цел да се трансформира Македонија од прост во сложен тип на држава: „Било какви уставни измени во однос на избор на претседателот во Собрание, а не на непосредни избори за мене како кандидат, а и за политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија се неприфатливи.
Ниту до сега, ниту од тука па натаму ќе се пазариме по било кој основ за било која цена. Тоа го ставивме во нашата програма, која ја презентиравме и сеуште ја презентираме до граѓаните, рече тој. „Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор, за којшто сметам дека е 100 посто реализиран“, дообјасни Димитреивски, цитирајќи ја програмата. Запрашан што би издвоил од Програмата, што реално ги поставува проблемите на граѓаните, Димитриевски одговори: „МојАта програма се вика „Манифест за Македонија“. Има пет принципи и пет основни начела.
Основните начела се дадени со конкретни рокови. Значи едно од најбитните начела се однесува на тоа дека во првите 100 дена од позиција на Претседател ќе се заложам за креирање на државна стратегија за борба протви корупцијата и организираниот криминнал. Тоа Претседателот може да го стори, а е повеќе од потребно во нашата држава. Како што гледате во сите последни извештаи Македонија се соочува со се повисоко ниво на корупција и криминал и тоа дополнително ја слабее државата. Дополнително според анализите на Светска банка растот во Македонија стагнира и сме најниски во целиот регион. Кога ќе ја спречиме корупцијата при еден организиран облик на делување, државата треба да и објави војна на корупцијата, рече диитриевски и додаде – Како, со вистински идер, на вистинско место, којшто ќе даде целосна поддршка на сите институции на системот да работат против корупцијата.
Да не зависат од политичките субјекти. Да го земам последиот пример со Државната комисјаза спречување на корупција, ДКСК. Имавме смена во раководството, поранешната претседателка излезе пред јавноста и даде отчет колку предмети имаат процесуирано, а нема никакво епилог од истите. Значи ни треба посериозно, поцвртто тело кое нема да зависи од политичката воља и ќе има поголеми надлежности. Согласно истата Стратегија, сметам дека откако ќе се избориме со корупцијата во државата можеме да настапиме понатаму да ги решаваме и останатите проблеми и да дојдеме до конечната цел, самоодржливост на Македонија и да бидеме свои на своето При тоа секако треба да се насочиме и кон евроинтегративниот процес, кој според мене треба да продолжи, но Македонците таму треба да влезат не со свиткана кичма, туку со крената глава, што значи македонски јазик во континуитет, нација, сопствена историја и секако реципроцитет“, рече Диитриевски за медиумите, денеска во Скопје. Караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски вечерва ќе го посети Гостивар.
Фото галерија