loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Информации во врска со Парламентарните избори 2024

На Парламентарните избори во 2024 година, Движење ЗНАМ – За наша Македонија ќе настапи со сопствен Пратенички листи.

Органите на Политичката патија Движење ЗНАМ-За наша Македонија, со акламација на седницата на Извршниот, а потоа и на седницата на Централниот одбор ги утврди носителите на листите во сите шест изборни единици за претстојните Парламентарни избори.

За носители на листите се кандидирани луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите во кои што работат, чесни, луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство, со чист образ.

За носители на листите се утврдени следните кандидати:

– За носител на листата во ИЕ 6, магистер на правни науки, насока: Бизнис право г-дин Небојша Захариевски, Претседател на ОО Движење ЗНАМ-За наша Македонија – Тетово.

– За носител на листата во ИЕ5, г-ѓа Весна Бендевска, дипломиран психолог, УКИМ Скопје, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, поранешна претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на Движењето ЗНАМ За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ 4, Миле Цеков, дипломиран економист на отсекот Меѓународна трговија, Претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и Претседател на ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија – Струмица.

-За носител на листата во ИЕ3, доктор на историски науки г-дин Павле Арсоски, Генерал-мајор во пензија и Потпретседател на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

-За носител на листата во ИЕ2, магистер по кривично процесно право г-дин Даниел Стојчевски, Директор на ЈП Чистота и зеленило Куманово и Претседател за ОО на Движењето ЗНАМ За наша Македонија – Куманово.

-За носител на листата во ИЕ 1, Доц. д-р Бобан Карапејовски, професор на катедрата за македонски јазик при Филолошки факултет Блаже Конески во Скопје и член на ИО на Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Македонија повикува!

Максим Димитриевски за Претседател на Македонија!

За 4 дена собрани над 10.000 потписи!

Продолжуваме до конечна победа!

Дознај повеќе