loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Како започнавме?

Се роди една идеја во Куманово, идеја за граѓански концепт предводен од Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски и неговиот тим истомисленици. Концепт создаден од граѓаните, за граѓаните на Куманово, со цел да ги обедини сите, и да ги застапува исклучиво интересите на граѓаните. Концептот беше поддржан од сите граѓани, од сите етникуми и прерасна во граѓанско движење под мотото “За наше Куманово”. Како граѓанска иницијатива учествуваше на локалните избори во Куманово во 2021 година со своја Советничка листа и со поддршка за независен, граѓански кандидат за Градоначалник.

Со мотивиран и успешен тим, со реална програма и отворен пристап, граѓанскиот концепт ги победи сите политички партии и за првпат во историјата на Македонија во Куманово победи независен кандидат за Градоначалник, а граѓанската листа оствари сериозен резултат, 8 советници во Советот на Општина Куманово.

Како продолживме?

Го разбудивме Куманово, но не застанавме тука. Енергијата се пренесе низ целата држава и Македонија започна да се буди. Со тоа започна и процесот на создавањето на граѓански организации низ повеќе градови во државата кои се приклучуваа кон граѓанското движење со цел заеднички да работат на ослободување на Македонија од политичкото ропство, и враќање на вистинскиот пат. Се формираа граѓански организации во Прилеп, Крушево, Кочани, Тетово, Гостивар, Гевгелија, Дојран, Свети Николе и Кавадарци.

Како делувавме?

Делувавме силно и смело, секогаш на браникот на Македонските национални интереси, без разлика дали настапувавме локално, национално или интернационално, вистината беше нашиот најсилен аргумент, а нашиот двигател беа граѓаните и нивната поддршка која доаѓаше од сите делови на Македонија.

Граѓанското движење прерасна во нова политичка сила во Македонија

На 9 Октомври 2023 година, во Скопје, водени од лошата политичка, економска и социјална криза во која е доведена наша Македонија, претседатели на 10 граѓански здруженија се одважија и заедно со граѓаните на Македонија и идејниот творец на граѓанскиот концепт и актуелен градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски потпишаа иницијативата за формирање на нов политички субјект, “Движење ЗНАМ – За наша Македонија”. Со тоа, граѓанското движење прерасна во нов политички субјект со реален граѓански концепт во своите фундаментални вредности.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Македонија повикува!

Максим Димитриевски за Претседател на Македонија!

За 4 дена собрани над 10.000 потписи!

Продолжуваме до конечна победа!

Дознај повеќе