Димитриевски денеска од Скопје порача: Нито досега, а ниту од сега, па натаму ќе се пазариме по било кој основ по било која цена
Димитриевски: Најфаворизираните кандидатити за Прертседател на државата бегаат од дебата и соочување на аргументите Кандидатот за Претседател на државата од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска имаше средби со жители на Скопје. Во изјавата за медиумите, Димитриевски ги повика двата најфаворизирани кандидати од македонскиот политички блок и двата најфаворизирани кандидати од албанскиот политички блок, да излезат на дебата со останатите кандидати и да ги соочат аргументите. Тој рече дека граѓаните на Македонија не заслужуваат ваква нетранспарентна, селективна и целна кампања, каква што имаат во моментов.
„Недозволиво е за претседателските кандидати на државата коишто се најфаворизирани и од државата, согласно законот, а и од Државната изборна комисија, согласно законот којшто го имплементира, а кои се претставени на медиумите, на сите средства за информирање, да бегаат од јавна дебата. Сакам да упатам апел до сите мои противкандидати, првенствено до двајцата најфаворизирани кандидати од македонскиот политички блок и двајцата најфаворизирани кандидати од албанскиот политички блок да не бегаат од дебата и да им дадат можност на граѓаните да ги чујат нашите планови и визии, што тоа планираме од позиија на Претседател на држава да работиме и сработиме во следниот период, доколку бидеме избрани“, рече Димитриевски. Тој додаде дека има чувство дека оваа наменска кампања, како што ја нарече, се води единствено за два кандидата во државата, кои се фаворизираат по секој основ поради што за доброто на демократијата и на Македонија во целост, граѓаните треба да добијат можност да ги видат и слушнат во подеднакви услови, затоа што целата кампања не е еднаква за сите. Димитриевски потенцира дека кандидатите, претставници на граѓаните, со граѓанска иницијатива или претставници на мали политички субјекти, се незабележливи во делот на информирањето, додека останатите, а особено фаворизираните , кандидати се секојдневно присутни на сите медиуми во закупениот медиумски простор што го налага законот.
Тој контатира дека не се подеднакви. „Барам од мојот противкандидат Стево Пендаровски да излезе на теве дуел со мене и да ги соочи своите факти и аргументи. Исто така и од Гордана Сиљановска Давковска, како мој против кандидат, да излезе и да ги соочи аргументите со мене и со останатите кандидати. Во спротивно ќе сметам дека истите бегааат од јавна дебата, поради тоа што немаат што да им покажат, или понудат на граѓаните“, рече тој. Димитриевски потенцира дека во оваа држава покрај партиските членства живеат и други граѓани кои имаат право да слушнат што планира да оствари идниот претседател на државата од позицијата која што ќе ја добие од граѓаните.
Обраќање во Скопје
Фото галерија