Димитриевски: Македонија заслужува претседател од граѓаните, кои го даваат легитимитетот за тој што ќе ги претставува и заштитува
Се одважив, влегов во оваа битка за иден претседател на државата затоа што сметам дека Македонија заслужува претседател од граѓаните, со граѓаните и за граѓаните. И затоа мојот приоритет во иднина ќе бидат единствено граѓаните, нагласи Максим Димитриевски, претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ-За наша Македонија вечерва во скопски Бутел.