Информативно предавање: Борба со Остеопороза со помош на Витаминот Д – неговото височество
Со особена чест и задоволство ве покануваме на информативно предавање на тема “Борба со Остеопороза со помош на Витаминот Д – неговото височество”.
Предавачи:
Проф. д-р Јасмин Циривири,
Факултет за медицински науки, УГД Штип,
Специјалист по ортопедска хирургија, специјалност ендопротетика на колк и колено и мускулноскелетна протетика,
Началник на хируршките одделенија во ГОБ “8ми Септември” Скопје;
Прим. Д-р Маја Панајотовиќ Радевска, Спец. По медицина на труд,
Докторант на јавно здравство, Предавач на Медицинскиот Факултет”Гоце Делчев” Штип,
Вработена на Институт за медицина на труд на РСМ – Колаборативен центар на СЗО, Скопје.
Локација: Европски универзитет (Амфитеатар).
Датум и време: Сабота 27.04.2024 година во 12:00 часот.
Настанот е од јавен карактер и се организира на иницијатива на регионален Клуб на жени движење ЗНАМ за наша Македонија (изборна единица 1) – предводена од носителот Др. Бобан Карапејовски и ОШ Карпош-Скопје.
Ве очекуваме со добро расположение, пријател и резултати за можна консултација.