
Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар
Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“ Во Општинската организација на ЗНАМ во Демир Хисар одржан е работен состанок на членовите и симпатизерите со преставници од раководството на партијата Движење ЗНАМ -ЗА НАША МАКЕДОНИЈА: – Генерал Павле Арсоски – Потпретседател на ЗНАМ и пратеник во Собранието, – Виктор Јовановски – Член на ИО, – Никола Мемов – Директор на центарот за комуникации и аналитика на ЗНАМ /Директор на Фондот за ПИОМ, – Јасмина Петковска – Член на ИО, – Радослав Настасијевиќ Варџиски – Заменик министер за дигитална трансформација, – Мирослав Лабудовиќ – Заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини. Средбата беше дел од теренските активности во рамки на кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“, насочена кон дијалог со граѓаните и претставување на програмските приоритети на ЗНАМ на локално ниво. Арсоски порача дека ЗНАМ излегува на локалните избори со јасна визија и силна волја за промени во секоја општина: „Време е за одговорни и транспарентни локални власти кои ќе работат за граѓаните. Ќе ја вратиме довербата во институциите со чесни луѓе и реални проекти”. На средбата беа истакнати неколку клучни поенти на ЗНАМ за локалната самоуправа: * Прекин со партиското влијание во општините – вработувања и тендери без политички диктат. * Реални проекти според потребите на граѓаните * Отворени општини – со учество на граѓаните во креирање на буџетите и локалните политики. * Млади кадри и нови лица – кои ќе внесат енергија, знаење и нова политичка култура. Арсоски истакна дека во Демир Хисар и низ целата држава ќе понудат луѓе што живеат со проблемите на граѓаните и знаат како да ги решат. Локалната власт мора да биде поблиску до народот. Демир Хисар и Македонија заслужуваат поинаква приказна . Присутните изразија поддршка и ентузијазам, со надеж дека ЗНАМ ќе донесе вистинска промена на локално ниво.