Средба помеѓу заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето, и претседателот на градската организација, Мирослав Лабудовиќ.
Денес, во седиштето на Движење ЗНАМ за наша Македонија, се одржа средба помеѓу заменик-амбасадорот на Франција, Филип Маршето, и претседателот на градската организација, Мирослав Лабудовиќ. На средбата беше разговарано за тековните политички случувања и значењето на клучните институционални реформи како неопходен чекор на патот на земјата кон Европската Унија.
Посебен акцент беше ставен на Реформската агенда, при што беше истакната нејзината клучна улога во забрзувањето на европскиот пат на државата. Движење ЗНАМ останува силно посветено на процесите кои гарантираат владеење на правото, економски развој и подигнување на квалитетот на живот на граѓаните.
Истакнавме дека доследното и транспарентно спроведување на реформите е врвен приоритет, со цел градење на функционални институции кои ќе ги исполнат очекувањата на македонските граѓани. Двете страни ја потврдија важноста од продолжување на конструктивниот дијалог и соработката, кои се од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и европската иднина на нашата држава.