Отчет на Емил Јанески, Директор на КПД-Прилеп
КПД-Прилеп денес е побезбедна, поефикасна и пофункционална институција Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишното учество во Владата, преку конкретните резултати на функционерите од своите редови. КПД-Прилеп е пример дека со одговорно раководење, системски пристап и јасни приоритети може значително да се промени состојбата во една институција. Пред две години, во април 2024 година, вработените протестираа поради нарушената безбедносна состојба. Денес, по преземените мерки, КПД-Прилеп е меѓу најбезбедните казнено-поправни установи во државата. Но, за ЗНАМ, безбедноста не значи само контрола.
Таа значи и достоинствени услови, здравствена заштита и создавање реални можности за ресоцијализација и враќање на осудените лица во општеството. Во изминатите две години подобрени се условите за сместување, реновирани се санитарните јазли, обезбедена е топла вода преку соларни панели, а воведен е и современ систем за ладење со користење природен ресурс од затворскиот бунар, без дополнителен финансиски трошок за установата. Зајакната е здравствената заштита со ангажирање лекар и вработување медицински сестри, а со поставувањето на телефонски говорници е олеснет контактот на осудените лица со нивните семејства.
Особено важен дел од политиката е работниот ангажман. Во КПД-Прилеп функционираат фарми, се обработуваат околу 19 хектари земјоделски површини и работилници, а преку договори со компании и институции се овозможува работа и надвор од установата. Така, осудените лица стекнуваат работни навики и вештини, а институцијата рационално ги користи сопствените ресурси. Трошокот за исхрана на едно осудено лице изнесува околу 50 денари дневно. Истовремено, подобрени се и условите за работа на затворската полиција, со нови униформи и противпожарна опрема. Ова е суштината на политиката на ЗНАМ – институциите да не бидат само потрошувачи на јавни средства, туку функционални системи што создаваат резултати и јавна вредност. КПД-Прилеп денес е поорганизирана, побезбедна и поефикасна институција. Тоа е резултат на работа, одговорност и воспоставување функционални системи. Две години работа. Две години резултати. ЗНАМ – политиките преточени во конкретни промени.