ЗНАМ: Герасимовски ги подели пензионерите на брзи и бавни
Герасимовски ги подели пензионерите на брзи и бавни. Господине Герасимовски, што точно славите? Дека за два дена ги потрошивте сите 7 милиони денари наменети за пензионерите или дека помошта ја добија оние што превидознале? Во јавниот пових стои дека помошта е за пензионери во социјален ризик со пензија помала од 28.000 денари, но критериумот беше „прв дојден, прв услужен“. Каде е тука приоритетот за оние со најниски пензии? Советниците на Движењето ЗНАМ за наша Македонија инсистираат да се смени овој принцип, бидејќи тоа е неправеден и не е начин средствата да дојдат до оние на кои им е најпотребно. Седумте милиони денари беа доволни за само 1.400 од вкупно 3.754 центарски пензионери. Дали општина Центар е за једните мајка, а за другите маќеа? Прогласивте дека ветувањето е исполнето. Исполнето за кого, господине Герасимовски? За пензионерите што дознале навреме и стигнале први или за оние што едвај врзуваат крај со крај? Пензионерите заслужуваат одговори, а не само фалби.