Услови за донирање
Согласно Законот за финансирање на политичките партии, вкупниот износ на поединечната донација не смее да ја надмине сумата од 60 просечни нето плати од правни лица и 30 просечни плати од физички лица во Републиката, исплатени во претходниот месец и објавени од Државниот завод за статистика. Овој износ не смее да биде кумулиран повеќе од еднаш годишно.
Политичките партии не можат да се финансираат од:
- влади, меѓународни институции, органи и организации на странски држави и други странски лица;
- државни и локални органи надвор од средствата предвидени со Буџетот на Република Македонија;
- јавни установи, јавни претпријатија, јавни фондови или други правни лица кои располагаат со државен капитал;
- јавни претпријатија, јавни установи и јавни фондови формирани од општините;
- претпријатија кои имаат најмалку 20% учество на државен капитал, јавни установи и институции вклучувајќи ги и тие што го започнале процесот на приватизација;
- приватни претпријатија кои во моментот на давање прилог за политичката партија вршат јавни услуги за државни органи или за јавни установи, претпријатија и фондови по пат на договор;
- здружение на граѓани (невладини организации), верски заедници или религиозни групи;
- средства на претпријатија со мешовит капитал каде што доминантен сопственик е странски вложувач; и
- анонимни или неидентификувани извори.
Донирај преку банка
Политичка партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија
Трансакциска сметка: 300000005090596
Депонент: Комерцијална банка, АД Скопје
Примател:Политичка партија Движење ЗНАМ – ЗА НАША МАКЕДОНИЈА
(со назнака: Донација)