loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Конгрес на партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на 22 февруари 2024 година го одржа првиот Конгрес, на кој беа избрани органите и телата на партијата. На првиот Конгрес се избраа членовите на Централниот одбор и членовите на Надзорниот одбор. Потоа, на првата седница на Централниот одбор, од нивниот состав се избраа потпретседателите, Генерален секретар, членови на извршниот одбор, Претседавач на Централниот одбор и на крајот, се назначи шеф на Централниот изборен штаб.

Делегатите  за Претседател го избраа Максим Димитриевски, кој беше утврден и како кандидат за Претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за претстојните претседателски избори.

За потпреседатели на партијата беа избрани д-р Павле Арсоски, доктор по историски науки, генерал мајор во пензија, од Скопје и Весна Бендевска, дипломиран психолог, поранешен пратеник цо Собранието на РМ од Битола.

За генерален секретар на партијата е избран Горан Минчев, дипломиран економист од Скопје, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник во Собранието на РМ, директор на Службата за општи и заеднички работи во Владата

За Организациски секретар е избран Сашо Петрушевски, дипломиран машински инженер од Куманово.

Игор Филков, дипломиран правник од Скопје, приватен стопанственик и член на Централниот одбор, е избран за Претседавач на Централниот одбор на партијата Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

Централниот одбор го назначи  Горан Минчев, Генерален секретар на партијата да биде Шеф на централниот изборен штаб за претстојните претседателските и парламентарни избори.

За Конгресот

Конгресот е највисок орган на партијата. Конгресот може да биде редовен и вонреден. Редовниот Конгрес се одржува на четири (4) години. Одлука за свикување на редовен Конгрес донесува Централниот одбор најдоцна три (3) месеци пред почетокот на работа на Конгресот. Одлуката за свикување на редовен Конгрес е донесена доколку за неа гласале мнозинството од вкупниот број членови на Централниот одбор.

За одржување на Конгрес потребно е присуство на две третини (2/3) од вкупниот број на делегати. Мандатот на делегатите на Конгресот со кои се прават измени и дополнување е во рамките на четиригодишниот мандат на Конгресот. Одлуките на Конгресот се носат со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни членови на Конгресот.

Конгресот го сочинуваат:

  • членовите на Централниот одбор;
  • членовите на Извршниот одбор;
  • претседателот на партијата;
  • генерален секретар;
  • потпретседател/потпретседатели на партијата;
  • членови на Надзорниот одбор;
  • претседател на Градската организација на Град Скопје и
  • претседатели на општинските организации;
  • членовите на партијата кои во време на одржување на Конгресот се пратеници во Собранието, градоначалници, советници во совети на единиците на локална самоуправа и во Совет на Град Скопје;
  • делегати предложени од Извршниот одбор на Клубот на млади на Движење ЗНАМ;
  • делегати предложени од Извршниот одбор на Клубот на жени на Движење ЗНАМ;
  • делегати од сите општински организации, по еден делегат во
    сразмерност со бројот на жители на територијата на општината.
  • Бројот на делегати на Конгресот со одлука ги одредува Централниот одбор на предлог на Извршниот одбор, а начелно брои 350-500 делегати.

Конгрес на партијата:

  • донесува Деловник за работа;
  • избира Комисија за верификација на мандатот на делегатите на Конгресот и ги верификува нивните мандати;
  • избира Работно претседателство;
  • избира Изборна комисија;
  • донесува Статут и врши измени и дополнувања на Статутот;
  • донесува Програма и програмски документи;
  • го утврдува Извештајот за работа на органите меѓу два Конгреси;
  • го разгледува и усвојува Извештајот за материјално – финансиско работење на партијата меѓу два Конгреси;
  • избира претседател на партијата;
  • избира членови на Централен одбор на партијата;
  • избира членови на Надзорен одбор на партијата;
  • утврдува насоки и ставови и носи декларации и
  • носи и други одлуки.

Македонија повикува!