
Генерална оценка од Движењето ЗНАМ за наша Македонија на изборниот процес во првиот круг на Претседателските избори 2024
Почитувани граѓани,
Движењето ЗНАМ за наша Македонија Ви ги честита седмите избори за Претседател на Македонија.
И покрај тоа што денеска имавме мирен изборен ден, без посериозни нарушувања на изборниот процес, НИЕ констатираме дека изборите се ДЕЛУМНО фер и демократски, од најмалку две причини.
1. Преку изборни законик имавме нерамноправност во медиумското претставување на кандидатите за Претседател на Македонија, ФАВОРИЗИРАЈЌИ ги кандидатите од четирите најголеми парламентарни партии, со десеткратно поголема медиумска застапеност, платена од граѓаните на Македонија.
2. Политички притисок на нашиот кандидат за Претседател, преку монтиран судски процес, заради одбрана на јавниот интерес наспроти бизнис интересите на фирми спонзори на власта.
Г-нот Димитриевски беше повеќе пати повикуван на судски рочишта и распит во обвинителството во сред кампања, само со цел да го нарушат неговиот личен углед, но и динамиката на нашата кампања.
Без разлика на овие опструкции, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија ги исполни целите на кампањата. Преку позитивна, скромна и луцидна кампања на терен и преку вас медиумите, до граѓаните ги пренесовме нашите конзистентни политики и политички пораки.
Во таа насока, сакам да им се заблагодарам на сите наши членови, активисти и поддржувачи, со порака дека продолжуваме понатаму со уште позасилено темпо до парламентарните избори на 08 мај.
Движењето ЗНАМ-За наша Македонија веќе се етаблира како нова политичка сила во Македонија. Заедно со граѓаните подготвени сме да ја преземеме одгворноста да ја водиме оваа држава, наспроти досегашните партии од власта кои се вртат во круг веќе 33 години.
Ги повикувам граѓаните во Македонија да продолжат да ја даваат својата поддршка за ЗНАМ и одиме понатаму! Покажавме и докажавме дека можеме! Им благодариме на граѓаните кои ги препознаа нашите идеали, цели, политики и програми и ги повикуваме во уште помасовен број да ни се приклучат и на парламентарните избори, да не оставиме едните исти да ни раководат со државата.
Време е за промени, време е за ЗНАМ, време е сите да го дадеме својот
максимум за наша Македонија!