Ивана Гиновска од Движење ЗНАМ стапи на должноста в.д директор на Државен инспекторат за животна средина
Во просториите на Државниот Инспекторат за животна средина, врз основа на одлука на Владата донесена на седницата одржана на 10ти септември е извршено примопредавање на функцијата директор на ДИЖС, со што Ивана Гиновска стапи на должноста в.д директор на Државен инспекторат за животна средина.
Гиновска е дванаесетти директор редоследно од постоењето на Инспекторатот од декември 1996 година до денешен ден. В.Д Директорката Гиновска е магистер по економски науки, родена е во Скопје 1989 година.