Фонд за пензиско и инвалидско осигурување: Новиот директор Никола Мемов ја презеде должноста
Никола Мемов, новиот директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, денеска ја презеде должноста од досегашниот директор Арсим Хасани. На средбата стана збор за работата на Фондот, неговото функционирање. Досегашниот директор Хасани го информира директорот Мемов за активностите кои се во тек, како и за потребата од модернизирање и екипирање на истиот.
Директорот Никола Мемов се заблагодари за информациите и беневолентноста на господин Хасани за споделување на искуството од неговата работа во Фондот во изминатиот период. Никола Мемов има завршено Технолошко-металуршки факултет во Скопје, на отсекот петрохемиско инжинерство. Во својата досегашна повеќе од дваесетгодишна работа Мемов бил на повќе раководни функции. Тој бил менаџер за деловен развој во Македонски телеком. Во Министерството за правда бил советник на министерот за проект менаџмент и политички прашања.
Во Министерството за правда, исто така, бил директор на проектот – Legal and Judicial Implementation and Institutional Support Project, финансиран од Светска банка, како и проект менаџер на проектот за Реконструкција и опремување на Информатички Центар на Министерството за правда – CARDS 2003 National Programme- European Agency for Reconstruction. Во Министерството за економија бил ангажиран како проект менаџер и експерт во проектот – BUSINESS ENVIRONMENT REFORM AND INSTITUTIONAL STRENGTHENING PROJECT-(BERIS), финансирани од Светска банка. Мемов бил и бизнис дивелопмент менаџер во ComTrade Grouр – Spinnaker New Technologies. Тој бил и генерален директор на „Фабрика Карпош“ АД, како и генерален директор на „Македонијапроект“ АД. Никола Мемов бил и извршен директор во SIFEXS TRADE, како и менаџер на сектор за фискализација во ДУНА ДОО.