Обраќање на Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски по повод злоупотребата на денот на албанското знаме
Обраќање на Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски по повод злоупотребата на денот на албанското знаме:
Секогаш како човек сум го сакал своето, а почитувал туѓото!
– Денеска како човек но, и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го честитав денот на албанското знаме, а воедно и во рамки на годишната програма за култура со едногласна одлука на советот беше подржан овој настан како и многу други во Куманово кои ги негуваат правата на етничките заедници.
За жал тоа што денеска го видовме на многу места по државата, па и во мое Куманово особено вандалското однесување на поединци и групи, непочитување на законот за употреба на знамиња од страна на институции и органи и уништување и сквернавење на нашето државно и Македонско знаме е за секаква осуда. – Јавно ги осудувам ваквите настани и барам од институциите на прогонот да истите вакву поединци и групи ги открие и изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според закон.
Истото го очекувам и од моите колеги градоначалници на кои ова не им е прв пат да го кршат законот без да поднесат одговорност. Исто така очекувам јавна осуда на ваквите настани од сите парламентарни и вонпарламентарни партии во Македонија, како и сите представници на меѓународната заедница.
– По ова денеска на тест е нашиот мултиетнички капацитет, дали е тоа искрена желба или пак само фарса?
– Јас сум за реално мултиетничко општество во кое што сите взаемно ќе се почитуваме со еднакви права и обврски и сите еднакво одговорни пред закон. Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала платила и плаќа, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба да се одговара.
На крајот Македонија ќе победи, да живее МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰🇲🇰🇲🇰