Минчев до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви си ти!
Минчев до ЦИЦ: Последниот што има право да зборува за лукративни мотиви си ти! Зоран Дамјановски – Циц е последниот кој има право било кого да обвинува за лукративни мотиви. Нека објасни – од каков зорт во 2009 година го напушти СДСМ и премина во друга партија? Дали тогаш желбата за уште еден градоначалнички мандат му беше посилна од „љубовта“ кон СДСМ? Што се однесува до тоа дали се нудел на ЗНАМ – ќе се воздржам од коментар од почит кон едни други времиња.
П.С. Друже Циц, знам дека сè уште не можеш да преболиш што јас бев генерален секретар, а Радмила претседател на СДСМ, кога те исклучивме од партијата поради твоето отсуство на лична храброст да потпишеш исписница!
П.С.2 – Не го мешај Бранко Цевенковски во јаловите обиди да го направиш Мартин градоначалник на Куманово. Не бива таа работа – и самиот знаеш! Ако можеше ти да бидеш три мандата градоначалник, Максо со целиот свој труд и посветеност сигурно заслужува многу повеќе, затоа што направи повеќе во еден мандат отколку ти во трите мандата заедно!
П.С.3 – Непристојно е, на твоја зрела возраст, друже Циц, да им правиш ќеиф на Заев и Венко и како некое учениче да ја прифаќаш улогата на носител на негативна кампања против ЗНАМ. Мене ме фаќа срам, а камоли твоите блиски.
Друже Циц, граѓаните на Куманово заслужуваат чесност, посветеност и вистинска грижа, а не политички манипулации и калкулации. Времето на старите политички трикови заврши!