АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА КУМАНОВО И ЛИДЕР НА ДВИЖЕЊЕТО ЗНАM МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ПРОГЛАСИ ПОБЕДА ВО КУМАНОВО
Актуелниот градоначалник на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, вечерва ја прогласи својата победа во вториот круг од локалните избори. Димитриевски соопшти дека веќе добил честитка од својот противкандидат, и им се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба. Во своето обраќање, тој упати благодарност до сите што ја поддржале неговата кандидатура, вклучувајќи ги и партнерите од коалицијата, особено од ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа победа е за сите кумановци кои веруваат дека градот може да оди напред. Сега следува време за работа, посветеност и резултати,“ порача Димитриевски.
Дел од атмосферата на прославата на градскиот плоштад во Куманово:
Изјава од прославата на плоштадот во Куманово: