Варџиски: Пристапот во дигитализацијата сега е целосно ориентиран кон граѓаните и нивните потреби
Заменик министерот за дигитална трансформација Варџиски се обрати во рамки на панел дискусијата на настанот “Промоција на новата ИТ алатка за следење на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030”, организиран од страна на Министерството за јавна администрација, а со поддршка од Регионалното училиште за јавна администрација (РеСПА).
Во своето обраќање тој ја поздрави заложбата на МЈА за темелна реформата на јавната администрација, насочена кон иновативни решенија и резултати во интерес на граѓаните и европската иднина на државата.
Дополнително ги истакна клучните системи и иницијативи на Министерството за дигитална трансформација во насока на зголемување на транспарентноста преку иновации и дигитализација на административните процеси во јавната администрација.
Се осврна на платформата за интероперабилност, новиот закон за отворени податоци кој е во процес на подготовка, е-дмс системот за електронско управување, пристапноста на веб страниците, порталот за електронски услуги и други релевантни теми.
Варџиски потсети дека нивниот пристапот во дигитализацијата е целосно ориентиран кон граѓаните и кон нивните потреби. “Граѓаните не се веќе тие што треба да одат и да ги бараат институциите поединечно. Туку услугите од сите институции стануваат достапни на директен дофат до Вас граѓаните. Во Вашата рака на Вашиот смарт телефон или уред преку порталот uslugi.gov.mk и наскоро преку мобилна апликација. Во вашиот дом на вашиот лаптоп или PC компјутер преку порталот uslugi.gov.mk. Во вашата општина преку ЕТУ центрите за услуги. Наскоро и во вашето маало преку е-киоск.” додаде тој.