ЦЕНЗУРА ВО 21 ВЕК: ШТО КРИЕ ГОРАН „БЕТОЊЕРКА“ ГЕРАСИМОВСКИ ЗА ДУП „БАРУТАНА“?
Покрај бетонирањето на Центар, Горан Герасимовски сега ја бетонира и цензурата. Општина Центар вчера покажа како изгледа „транспарентноста“ на Горан Герасимовски – официјалната снимка од седницата на Советот прекинува токму во моментот кога советничката од ЗНАМ, Александра Цветановска, во рамки на дискусијата за спорниот Нацрт-ДУП „Барутана“, зборува за слободата на изразување, притисоците врз советниците и обидите за цензура во Советот.
Цветановска предупредува и на опасниот преседан што се воспоставува – градоначалникот да може, кога сака, да зборува за која било тема што не е на дневен ред. Снимката прекинува. Дискусијата исчезнува. А потоа преносот „случајно“ продолжува. Ова не може да биде премолчено и претставено како обична техничка грешка. Додека граѓаните на јавната презентација зборуваа за совест, одговорност и заштита на Водно, Герасимовски не беше таму да ги слушне. Наместо да присуствува на презентацијата за „Барутана“, тој беше на прес-конференција за музички настан.
Герасимовски, од кого се криете – од граѓаните или од вистината? Што е поважно: прес-конференцијата за музички настан или урбанистичкиот план што може трајно да го промени ликот на Водно, Центар и Скопје? Што се обидува да скриe зад прекинатите и исечени кадри?