loader image

Од граѓаните, за граѓаните!

Информации во врска со Претседателски избори 2024

На Претседателските избори во 2024 година, Движење ЗНАМ – За наша Македонија ќе настапи со сопствен кандидат за Претседател на државата. На првиот Конгрес на партијата одржан на ден 22.02.2024 година, г-дин Максим Димитриевски беше избран за Претседател на партијата и Претседателски кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за Претседателските избори во 2024 година.

Максим Димитриевски за Претседател на Македонија!

Максим ДИМИТРИЕВСКИ е градоначалник на Куманово од 2017 година. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за правни и политички науки на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Скопје, автор е на повеќе стручни трудови. Пред да биде избран за градоначалник, тој ја извршуваше функцијата Пратеник во Собранието на РМ и Претседател на Комитетот за безбедност и одбрана, Член на Законодавно-правната комисија, Заменик член на Комисијата за избори и именувања, Заменик член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Заменик член на Комисијата за локална самоуправа, заменик член на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на НАТО. Од 2009 до 2016 година беше Советник во Советот на општина Куманово, а од 2012 до 2016 година беше претседател на Советот на општина Куманово. На Основачкото собрание на Движење ЗНАМ – За наша Македонија на 9 ноември 2023 година во Куманово e избран за претседател на партијата.

Резултати од првиот круг на Претседателските избори 2024 година

Во првиот круг од Претседателските избори во 2024 година, кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски освои вкупно 83.855 гласови односно 9,26%.

Македонија повикува!

Граѓаните доаѓаат по своето!

Максим Димитриевски за Претседател на Македонија!

Од граѓаните – За граѓаните!