Генерал-мајор Павле Арсоски за Слободен печат : Мораме да се потсетуваме дека Македонците се мнозински народ во оваа држава и се државотворен народ
„Македонија се наоѓа во една многу лоша состојба, државата се разградува пред наши очи, пука по сите шавови и граѓаните на Македонија мора да се вклучат и да си ги преземат работите во свои рац, рече генерал-мајорот павле Арсоски, вво интервјуто за Слободен печат.Тој додаде дека. на крај на денот, или на крај на животот секој од нас во еден момент ќе добие прашање од децата, внуците – што направи ти во еден критичен период за државата и дека нашиот одговор мора да е дека сме се обиделе, сме се бореле и сме се вложиле Македонија да ја вратиме на правите патеки.”
Генерал Арсоски потенцира дека во ЗНАМ имаат јасно изразени национални ставови по прашање на државата, по прашење на македонскиот народ, но секако дека во идеологијата има и социјалдемократски призвук.
„Ние мора да се потсетуваме дека Македонците се мнозински народ во оваа држава и се државотворен народ, рече Арсоски и продолжи – „Aко зборуваме за одбрана на македонскиот народ, во услови кога се загрозува идентитетот, јазикот, нацијата, културата, ние мора да се браниме. И ќе се браниме. Верувам дека тоа не би требало, и не треба да ги загрозува останатите етнички заедници во Македонија. Значи, Македонецот има право да ги изрази своите чувства и да опстои на своето. Tоа, не е националистичка реторика. Тоа едноставно е природно право на еден народ да се брани и не само народ, ние ја браниме и државата“ , додаде тој.
Во однос на употребата на официјалното име на државата генерал-мајорот Арсоски рече: „Наше природно право е да си ја нарекуваме државата онака каква што ја знаеме, каква што нашите претци ја знаеле и секако дека во нашата комуникација Македонија за нас е Македонија. Она што е официјално име на државата за официјална употреба, во официјални контакти е Република Северна Македонија. Но никој на нас, особенно на Македонците, не може да ни забрани да си ја нарекуваме државата така како што ја знаеме и ја чувствуваме. Македонија си е за нас Македонија“.
Осврнувајќи се на прашањето зошто во јавноста бил прозиван поради тоа што не добил безбедносен сертифакт од НАТО поради тоа што не ги поминал безбедносните анализи , Арсоски рече: „Самиот чин го сметам како политички монтиран процес кој веќе има судска разрешница во моја полза. Секој офицер на македонската армија во целата негова кариера е предмет на постојани проверки и издавање на соодветни сертификати. За мојот конкретен случај од 92 година и зачетоците на АРМ до крајот на мојата војничка кариера постојано поседував национален безбедносен сертификат. Тоа значи дека за целиот овој период јас работев и ги поседував сите документи кои беа од највисок безбедносен степен на државна тајна. Во тој контекст јас како воено лице но и другите како мене за целиот период бевме под перманентни проверки за безбедносни тајни и за време на нашето пристапување во НАТО. Сега, се поставува прашањето како сите тие години во кои учествував за адаптирање на нашата армија со НАТО и одржував безброј средби, вежби и други активности со највисоки НАТО челници не бев проблем за безбедносните служби, туку одеднаш во критичен момент откако решив политички да се активирам станав проблем“.