
Димитриевски: Мојот план и намера е да ја победам госпоѓа Давкова во вториот круг од претседателските избори
Круцијален проблем во моментот е недостаток на енергија и верба. Мислам дека ова е последна шанса во која што може дда се разбие оваа лоша слика во државата. Знаете џабе ви е општина, а уште повеќе партија, доколку немате држава, а ние од ден на ден ја губиме дравата, – изјави, Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и кандидат за претседател на Македонија, Максим Димитриевски во гостувањето на Тема на денот на телевизијата Сител. Ова се суштински моменти, додаде тој, кога не само јас, туку и останатите кандидати треба да се одважат и да го предизвикаат граѓанинот да излезе и да им ја даде поддршката, и продолжи – „Првично со прибирање на потписи, а потоа и на избори за да го разбиеме овој црно-сив свет, бидејќи сите овие непристојни предлози кои доаѓаат во континуитет, во насока на федерализирање на државата и намалување на капацитетноста на институциите на системот, а дополнително и нивна целосна партизација, можеби и ќе се постигнат, бидејќи праксата покажува дека претходно тие беа постигнати врз база на политички договори помеѓу елитата или таканаречените лидерски средби, се собираат двајца-тројца, се договараат, а Македонецот и Македонија во континуитет губи, потенцира Димитиревски.
Запрашан за кого ќе побара неговите поддржувачи да го дадатгласот, доколку не влезе во вториот круг, Димитриевски рече:
„Видете јас немам ниту етичко,ниту морално право да повикувам мои поддржувачи и симпатизери да гласаат за некој друг. Ние не тргуваме со гласовите на граѓаните. Тоа е една лоша пракса. Значи согласно сопственото убедување граѓаните треба да си го кажат последниот збор. Но, мојот план и намера е да ја победам госпоѓа Давкова во вториот изборен круг на претстојните претседателски избори и верувам со поддршка на граѓаните тоа и ќего сторам“.
На прашањето кои се црвените линииза кои се залага Димитриевски одговори:
– Не може Македонецот да се чувствува како граѓанин од втор ред во држава којашто неговите претци ја имаат изградено. Значи, идентитет, јазик самобитност, македонизмот и сите тие форми коишто се преточени во Уставот врз база на заклучоците на АСНОМ и Крушевската република.Да сме биле на желбите на останатите во регионот,ние никогаш не би имале држава. Денеска граѓанинот е фрустриран, додае тој. Првенствено сите имаат национални линии. Треба да го учиме тоа од нашите сограѓани Албанци и да ги дефинираме нашите црвени национални линии врз база на еден договор помеѓу сите политички субјекти на политичката сцена кои го претставуваат мнозинското македонско население.