Димитриевски: На Македонија и треба стабилна влада, којашто ќе ја направи државата функционална
„Едноставно се одважив и излегов од конфорот којшто го има градоначалничкиот кабинет и влегов во оваа борба, бидејќи претходно врз бази на анализи, сондажи и многу средби, отворени со граѓани, не само во Куманово, туку и во цела Македонија беа упатувани такви пораки“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски како гостин во емисијата „Директно“ на ТВ Тера.
„Од друга страна создадовме политички субјект, движење ЗНАМ – За наша Македонија којшто е еден од ретките субјекти којшто се создаде со една граѓанска искрена иницијатива. Тоа беа 13 граѓански здруженија формирани низ цела Македонија кајшто членуваат граѓана коишто некогаш припаѓале на политички сувбјекти, но и голем број на гараѓани коишто никогаш не припаѓале никаде. Оние кошто не добиваат можност никогаш во општеството, затоа што не се политичкии обоени, а знаеме дека живееме во длабаоко поларизирана држава на политичики основ, по етнички исто така. И сите тие гласови, пораки ги примив, влегов во оваа борба сметајќи дека има реални шанси и во пракса да се покаже не само на телевизија, во дебати дека може да се промени нешто. И јас верувам во оваа борба дека со мојот пример ќе покажам и ќе докажам со граѓанската поддршка дека ние ќе успееме да го промениме тој црно-сив свет, бидејќи ние бел свет во Македонија повеќе од 30 години немаме. Граѓаните секогаш на избори излегуваат и гласаат против, многу ретко за. Зошто бидејќи во континуитет се тие две опции на македонската политичка сцена имате два македонски блока и имате два моноетнички албански блока“, додаде тој.
Одговарајќи на прашањето дали ќе се промени доколку биде избран на функцијата Претседател на Македонија, Димитриевски рече досега не се променил, иако е политички активен повеќе години и додаде:
„Старите луѓе велат – фотељата го менува човекот, има лепак на неа. Едноставно седнувате и се заборавате. Држам во кабинетот луѓе помеѓу кои имам сериозни критичари коишто многу често доаѓаат во моменти кога мислите дека сте сте најсупериорен, поради позицијата којашто ја имате, ви укажуваат на грешките. И норамално е, човечки е некогаш и ќе изреагирате на тоа, но штом ќе одите и ќе преспиете, сабајлето ќе станете, нов работен ден, ако ви го повторат истото уште двајца, дополнтелно размислувате на таа тема и ако сте погрешиле се корегирате. Не е страшно да погрешите, тоа е човечка особина“.
Тој обајсни дека системот што се воспостави после 1998 година, во кој се цени само партиската лојалност, а не и квалитетот на луѓето не доведе тука каде што сме.
„Тие коишто ги бива си заминуваат, тие коишто се најдобри во класа, најдобри студенти, млади луѓе коишто не се лично конектирани со никого си одат надвор од Македонија, а тие коишто се лојални во партијата а немаат некој собен квалитет, претквалификација за тоа ја добиваат позицијата и затоа вие денеска имате на пример во државата, а и беше тоа случај и до 2016 година, луѓе коишто само што завршиле одредено образование со просечен резултаат ви стануваат советници на министри во кабинети. Тоа беше типичен пример министерството за внатрешни работи и еве ја реалноста каква е, пола држава нема пасоши и лични документи, а да не зборувам за јавна безбедност, сигурност, намалување на криминалитет и така натаму.
Димитриевски потенцира дека е недозволиво е како претседател на држава да се бите слеп послушник на политичката партија којашто вас ве кандидирала да дојдете на таа позиција.
„Од тој момент, од изборот, вие сте неависен и припаѓате на сите граѓани без разлика дали некој ве поддржал или гласал или пак не ве поддржал. Сте татко на нацијата, буквално во целост и на Македонците, како народ, но и на сите останати етнички заедници коишто живеат во Македонија“.
„Ние во Македонија до пред неколку месеци, пред техничката влада имавме две влади. Едната влада ви беше во главната владина зграда, кадешто беше Ковачевски и другата влада ви беше во министерството кај Артан Груби којшто буквално ги диктираше сите правила на игра. Што и е потребно на Македонија? На Македонија и е потребна стабилна мнозинска влада во којашто мнозинство над 61 пратеник ќе биде составено од мнозинството Македонци и дополнително партија, политички субјект којашто доаѓа од моноетничка провиниенција, а тоа е политичките партии коишто гравитираат кон албанскиот електорат, коишо претходно ќе ги дефинираат условите како, и ќе ја трансформирааат Мкедонија во функционална држава Ние во моментов немаме функционална држава. Во моментов Македонија е наменска држава креирана на поединците коишто ја практикуваат власта без ралика кои и да се“, рече Димитриевски.
Запрашан за ставот околу нашите интеграции во Европската Унија и ситуацијата со измените на Уставот во која оние за се ртикетираат како проевропски, а оние против како анти ЕУ, г-н Димитриевски рече:
„Е па тоа е наративот којшто го креираше ова моментално државно раководство дека сите коишто се залагат за уставни измени се проевропски определени, а сите останати се антиевропски и тоа е апсолутно неточно. Се обидуваат да наметнат тие директно иипреку одредени аналитичари. Јас апсолутно сум поддржувач на македонските евроатлански интеграции, таков сум бил и такво ќе останам,но од друга страна Мекдонецот, македонскиот граѓанин е уморен од туторство. Ние имаме одговорност да ја водиме сопствената држава пред нашите граѓани и да се бориме за нашите држави и национални интереси. Македонија не смееме дадозволиме да ја уценува никој. Ќе бидеме еден дел, составен дел на Европа, но со крената глава и достоинствен граѓанин. Но, дополнително и ќе бараме полиитчки решенија на сите еднострано наметнати пробелми коишто се наметнати од страна во момнетов и на Бугарија, а сега веќе имаме мултирателно прашање за коешто разговараме со Европската Унија и сите решенија повторно ќе бидат најдени на маса. Каде на релација Софија-Скопје“.