Павле Арсоски: Неказнивоста во Македонија е последица и на политизираното и партизирано судство
„Треба да се разговараме какво општество градиме. Во каква состојба е државата и како треба да понатаму да делуваме“, рече потпреседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Павле Арсоски во емисијата „Дебата Избори 2024“на Македонската радио телевизија. Тој додае дека од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се навистина сериозни во намерата радикално да го променат пристапот на практикување на политиката.
„Мора да има одговорност, да биде државата уредена со едно независно, непартизирано судството без политички влијанија, а потоа од таму да се преземат конкретни чекори решавање она што е веројатно најголем проблем во Македонија, а тоа се корупцијата, криминалот и нефункционалните институции. Се почнува од тоа да имаме право, правда за сите и да имаме еден независен судски систем и органи на прогон“.
Тој во дебатата потенцира дека ние како држава сме во една незавидна, асиметрична позиција ставени, спрема Бугарија, но и спрема целата Европска Унија.
„Ние сме за тоа Бугарите и останатите коишто не се спомнати да бидат спомнати во Уставот, во Преамбулата, но да имаме дополнителни гаранции, одложено дејство на примената на тие уставни измени оној ден, оној момент, кога Македонија ќе ги заврши пристапните преговори. Затоашто знаеме, свесни сме и не треба да се лажеме и не треба ни народот да го лажеме дека ова не е единстен услов од страна на Бугарија. Да ве потсетам и вас, зборувавте за тоа, на Декларацијата од бугарскиот парламент од 2019 година. Таму има над 30 услови коишто се конкретно свртени кон Макеоднија, иако не поддржуваат за европска интеграција заедно со Албанија. Над 30 барања. Ние сакаме да почнеме преговори и сакаме да зависи од нас, од нашиот перформанс, не да на секој чекор, на секоја кривина некој не услови со уште нешто. Значи сме за уставни измени и тоа не е проблем, какои сите други граѓани со делови од народи, или со бугарска самосвеСт, но да имаме гаранции дека Македонија ова ќе го исполни како услов , којшто не е европски услов, но е услов, и ќе стане на сила во тојј момент кога ние успешно, а од нас ќе зависи, ќе ги завршиме преговорите“, рече Арсоски.
Потпреседателот на ЗНАМ посочи дека корупцијата во Македонија е извор на сите проблеми. Според него тоа е така, поради неказнивост во Македонија.
„Ние имаме состојба кадешто правдата не е достапна за сите. Имаме неказнивост на различни политички структури коишто се менуваат едни со груги и гледаме дека високата корупција, луѓе коишто го кршеле законот, коишто злоупотребувале функции се неказниви“, додаде тој.
Причина плус за вкавата состојба потпреседателот на ЗНАМ, Ароски гледа и во партизираното судството.
„Политизирано е судствтото. Имаме партии коишто се длабокои инфилтрирани преку нивни членови, преку нивни роднини во обвинителството, во судството.Како очекуваме дека тие ќе покренат об винителен акт против некој носител на функција и како очекуваме дека судовте реално, правилно ќе донесат пресуда. Додека немаме непартиско, неполитизирано, неависно судство, обвинителство и судство ние нема да можеме високата кроупција да ја спречие. Кога ќе почнеме високатакорупција да ја спречуваме тоа ќе има позитивен ефект и надолу“, рече Павле Арсоски, потпреседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на МРТВ.