
МЕМОВ ОД ЗНАМ: УСПЕХОТ НА ВМРО ДПМНЕ НЕ Е ПОРАДИ НЕКАКВО ДОБРО ВЛАДЕЕЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ, ТАМУ СЕ МНОГУ ЛОШИ, ТУКУ ПОРАДИ НЕСПОСОБНОСТА НА СДСМ
”Ако некој е експерт за криминал и корупција, тоа се двете најголеми парламентарни партии кои меѓусебно се менуваат на власт во последните 33 години на политичката сцена во Македонија. Што се однесува на слабиот резултат на СДСМ, тој е резултат на комплетното неспособно владеење во текот на целиот мандат од 7 години. Единствено беа способни да ги рехабилитираат и воскреснат од политичкиот нокаут во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Од политички нокаут, сега после 7 години ВМРО-ДПМНЕ да освои 365.000 гласови, а ДУИ 120.000 гласови. Значи, позитивниот изборен резултат на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори не се должи на доброто владеење во рамките на локалната самоуправа, кадешто имаат мнозинство градоначалници, впрочем немаат никакви капитални инвестиции, туку на катастрофалното неспособно владеење на СДСМ. ” – Никола Мемов од ЗНАМ на ТВ Клан.