Политичарите за КЛАН ТВ: Не треба да има пазарење за гласови и функции во вториот круг од претседателските избори
Никола Мемов од Движењето ЗНАМ за наша Македонија , партијата чиј лидер е Максим Димитриевски рече дека се задоволни сме од изборните резултатите.
„Очекуваме приливот на гласови значително да порасне во вториот изборен круг, да имаме најмалку 10 пратеници. Нашиот аналитички центар со голема точност го прогнозираше изборниот резултат на СДСМ, малку не изненади позитивниот број на гласови кај Силјановска Давкова, очекувавме дека ќе освои околу 330.000 гласови, за кои упатуваме честитки за убедливиот резултат. Гласовите за Давкова се повеќе партиски гласови отколку гласови за личност. Ние цело време кажувавме дека анкетите го креираат јавното мислење, но ние сме нова партија и ова е одличен резултат за Движењето ЗНАМ.
Очекуваме зголемување на нашите гласови за 30% а драстичен пад кај СДСМ“ рече тој.
На прашањето околу криминалот и корупцијата, портпаролот на партијата Мемов истакна дека:
” Ако некој е експерт за криминал и корупција, тоа се двете најголеми парламентарни партии кои меѓусебно се менуваат на власт во последните 33 години на политичката сцена во Македонија.
Што се однесува на слабиот резултат на СДСМ, тој е резултат на комплетното неспособно владеење во текот на целиот мандат од 7 години. Единствено беа способни да ги рехабилитираат и воскреснат од политичкиот нокаут во 2016 година ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Од политички нокаут, сега после 7 години ВМРО-ДПМНЕ да освои 365.000 гласови, а ДУИ 120.000 гласови.
Значи, позитивниот изборен резултат на ВМРО-ДПМНЕ на овие избори не се должи на доброто владеење во рамките на локалната самоуправа, кадешто имаат мнозинство градоначалници, впрочем немаат никакви капитални инвестиции, туку на катастрофалното неспособно владеење на СДСМ. ”
Во текот на дебата се дискутираше на темата околу давањето политичка поддршка во вториот круг на претседателските избори, при што Никола Мемов го искажа следниот принципиелен став:
“Сакаме да го елиминираме моментумот за давање гласови заради пазарење со функции, туку политичката поддршка да биде по принципот да се поддржи некој кандидат затоа што има квалитет да извршува некаква политичка функција во полза на државата.”