Бендевска за ТВ 24: На државата и треба антидуизација, за ЗНАМ е неприфатливо учеството на ДУИ во оваа влада
Весна Бендевска од ЗНАМ во емисијата 24 анализа рече дека во тек се преговори за евентуално учество на ЗНАМ во владата од идниот мандатар.
– Се знае кој ќе го добие прв мандатот од претседателката и ќе состави влада. ЗНАМ настапи со своја платформа во предизборниот период, програмска определба и стратегија. Еден од темелите на движењето е стабилни меѓуетнички односи. Јасно е кажано е дека на државата и треба антидуизација. За ЗНАМ е неприфатливо учеството на ДУИ во оваа влада во било кој формат и на тој начин преговараме. Македонија е целосно девастиран институционален систем. Потребно беше национално обединување. – рече Бендевска.