Стојчевски: Концептот „живот за сите“ се претвори во „живот за поединци“, и тоа беше казнето на изборите
„Едно општество за сите се претвори во биполарно општество. СДСМ и ДУИ се бореа за права, но не за граѓаните, туку за позиционирање на одредени поединци. СДСМ се најде во една потчинета состојба, и не успеа да се избори против едно такво арогантно или наредбодавачко однесување на ДУИ, и народот тоа го казни. Не верувам дека тоа ќе го има во новата влада, односно арогнатно однесување на некој коалиционен партнер“.
Ова го изјави Даниел Стојчевски од ЗНАМ претпладнево во „Дејли Клик“ на ТВ21 коментирајќи ја минатата влада и изборите.