Движењето ЗНАМ за наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“
Денеска дел од раководството на Движење ЗНАМ – За Наша Македонија на чело со претседателот на партијата, Максим Димитриевски, пратеникот Даниел Стојчевски, и членовите на ИО Катерина Тодороска, Радослав Настасијевиќ Варџиски и Ивана Ѓорѓиевска остварија средба со сите членови и симпатизери од ОО на ЗНАМ-Куманово.
Темите на оваа средба се раководството на партијата директно да се запознае со проблемите на граѓаните, но и да се слушнат нивните предлози, сугестии и мислења, кои ќе послужат за креирање на програмата
за претстојните локални избори.
Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија своите политики ги гради на
транспарентен начин, демократски и во соработка со граѓаните. Во
програмата на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија за локалните избори
главниот фокус ќе биде на решенија за подобар локален живот –
урбанистички планови, инфраструктурни проекти и транспарентно управување
со општинските буџети.


