Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија г-нот Максим Димитриевски на покана на Н.Е. Серик Жумангарин, заменик Премиер и Министер за национална Економија на Република Казахстан присуствуваше на меѓународниот Астана форум
Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија г-нот Максим Димитриевски на покана на Н.Е. Серик Жумангарин, заменик Премиер и Министер за национална Економија на Република Казахстан присуствуваше на меѓународниот Астана форум. На овој настан беше придружуван од почесниот конзул на Р.Казахстан во Македонија г-дин Ејуп Абдулахи. Навни домаќин при посетата беше Амбасадорот на Р.Казахстан во Македонија Н.Е. Сатибалди Буршаков.
– На маргините на форумот г-нот Димитриевски го посети еден од главните индустриски центри во државата, градот Караганда и во таа прилика оствари средба со Акимот на градот Караганда г-дин Меирам Кожухов при што потпишаа меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и градот Караганда. Меморандумот за соработка подразбира развој на односите помеѓу локалните самоуправи, размени на идеи и искуства во социо – економскиот живот, култура, спорт, образование, соработка на младински организации и др.
– Наскоро во Куманово ќе биде отворен и почесен Конзулат на Република Казахстан кој веќе има именувано свој почесен конзул во нашиот град. – Следува и иницијатива за организација на заеднички бизнис форум на представници од двете држави кој би се одржал во Куманово.