Формиран Централниот Изборен Штаб за спроведување на кампањата за следните локални избори.
На синоќешната седница на Централниот одбор на Движењето ЗНАМ за наша Македонија беше формиран Централниот Изборен Штаб за спроведување на кампањата за следните локални избори. Избрани беа и шефовите на Регионалните штабови во сите шест изборни единици. Шеф на Централниот Изборен Штаб е Генералниот секретар на партијата, Горан Минчев.
До крајот на месец јули ќе бидат именувани сите шефови на општинските штабови и партијата практично од август ќе се трансформира кон штабски начин на работа. На седницата на ЦО беа дискутирани активностите како увертира на подготовките за почетокот на изборната кампања, но и комплетирањето на кандидатските листи за советници во сите општини каде што Движењето ЗНАМ за наша Македонија има свои Општински организации. Договорено е дека Движењето ЗНАМ за наша Македонија ќе продолжи со теренски активности како трета фаза средби со членовите и симпатизерите во сите градови и села низ Македонија, што значи ќе имаме партиско работно лето.

