Панел дискусија – ЗНАМ една година учество во Влада – Втора панел дискусија
Во рамките на панел-дискусијата „Силни институции – стабилно општество: Патот кон правна, дигитална и инклузивна Македонија“ организирана од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија по повод една година учество во Владата на РМ, свое обраќање имаше Игор Филков, Министер за правда.
Во рамките на панел-дискусијата „Силни институции – стабилно општество: Патот кон правна, дигитална и инклузивна Македонија“ организирана од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија по повод една година учество во Владата на РМ, свое обраќање имаше Радослав Настасијевиќ Варџиски, заменик министер за дигитална трансформација.
Настасијевиќ Варџиски ја претстави работата на новоформираното Министерство, кое за само една година постави стратешка рамка за дигитална трансформација и реализираше конкретни чекори кон ефикасна и инклузивна дигитализација. Министерството обезбеди над 120 нови е-услуги достапни преку редизајнираниот портал uslugi.gov.mk, овозможи законска валидност на испечатени електронски документи и формираше инспекциска служба што ќе ја следи усогласеноста на институциите со новите дигитални стандарди.
„Нашата амбиција не е само да ги стигнеме другите – ние сакаме да бидеме пример кој ќе се следи. Со стратешки пристап, градење капацитети и јасна визија, дигитализацијата во Македонија добива конкретна форма“, изјави Настасијевиќ Варџиски.
Тој најави и развој на мобилна апликација за државни услуги – „Супер апликација Ели“, која ќе им овозможи на граѓаните пристап до документи и услуги директно од мобилен уред. Апликацијата се реализира со поддршка од ЕУ и во партнерство со Министерството за дигитална трансформација на Украина, а промоцијата на демо-верзијата би сакале да успееме да ја имаме за тестирање во октомври кога ќе биде и Дигиталниот самит на Западен Балкан во Скопје.
Министерството работи и на создавање национална ИКТ стратегија, законски измени усогласени со ЕУ директивите, поддршка на иновации, изградба на дигитална инфраструктура и унапредување на сајбер безбедноста – сè со цел дигитализацијата да стане двигател на одржливиот развој во Македонија.
Никола Мемов, Директор на Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ), учествуваше на панелот „Силни институции – стабилно општество: Патот кон правна, дигитална и инклузивна Македонија“, организиран од Движењето ЗНАМ, по повод една година учество во Владата на РМ.
Во своето обраќање Мемов нагласи дека ПИОМ денес функционира со ред, дисциплина и зголемена ефикасност, по години на занемареност и организациски хаос. Истакна дека една од најважните одлуки во изминатата година била линеарното зголемување на пензиите за 5000 денари, во два наврати – септември 2024 и март 2025.
„Фондот денес има нова енергија и фокус на редовна исплата, дигитализација и зајакнување на институционалниот капацитет. Гарантираме редовна исплата на пензиите секој први во месецот“, истакна Мемов.
Покрај кадровското зајакнување и реорганизацијата на филијалите, Мемов најави и нови дигитални услуги – вклучително и онлајн поднесување барања и следење на статус преку СМС пораки. Дополнително, за првпат се изработува методологија за идентификување на енергетска сиромаштија, а се реконструираат пензионерски домови и дел од филијалите во внатрешноста.
Мемов информираше и дека се потпишани меѓународни договори за електронска размена на податоци со фондовите во Црна Гора и Република Српска, а сличен договор се очекува и со Австрија до крајот на септември.
На крајот Мемов најави и редовно законско усогласување на пензиите во октомври 2025: „Очекуваме покачување од 3,5 до 5,5 проценти во септември 2025, согласно проекциите. Пензионерите ќе добијат повисока пензија со исплата во октомври.“
Оливера Трајковска, Директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, учествуваше на панел-дискусијата „Силни институции – стабилно општество: Патот кон правна, дигитална и инклузивна Македонија“, организирана од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, по повод една година учество во Владата на РСМ.
Во своето излагање, Трајковска истакна дека насилниот екстремизам е сериозна закана за општествената кохезија и дека Комисијата активно учествува во институционалните напори за негово спречување, како дел од Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам. Таа посочи дека Комисијата има важна улога во унапредување на верскиот дијалог, градење доверба и зајакнување на меѓусекторската соработка, преку организирање на бројни активности со верските заедници и локалните актери.
„Во време на глобални предизвици, нашата улога е да ги зачуваме вредностите на заедништво, разбирање и верска хармонија. Мораме да бидеме активни чинители во создавањето отпорно, праведно и одржливо општество“, изјави Трајковска.
Таа ја нагласи важноста на стратешките документи како што е Стратегијата за спречување насилен екстремизам 2023–2027 и додаде дека Комисијата активно спроведува дијалози, форуми и едукативни програми, со цел да се намали влијанието на радикалните наративи и да се поттикне соработка меѓу заедниците. Таа го истакна заедничкото обраќање на верските лидери против насилен екстремизам и потпишувањето на Декларацијата како силен симбол на заедничка одговорност.
Со конкретни активности и партнерски пристап, Комисијата останува посветена на зачувување на мирот, стабилноста и верската толеранција во државата.
Злате Мехмедовиќ, Директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација, на панел-дискусијата „Силни институции – стабилно општество“, истакна дека здравствениот систем е клучен за стабилноста и инклузивноста на едно општество. Тој подвлече дека реформите во здравството мора да бидат транспарентни, ефикасни и фокусирани на човекот.
Одговарајќи на прашањето дали една година е доволна за промени, тој изјави: „По само една година одговорно владеење, резултатите се видливи. На дело имаме нов, редефиниран здравствен систем – систем што не ве остава сами. Не во болест. Не во болка. Не во неизвесност.“
Мехмедовиќ нагласи дека државата конечно ја презела својата најсвета обврска – да го заштити својот народ. Посочи дека илјадници граѓани веќе не вадат пари од својот џеб за хируршки интервенции или терапии, а оние што го злоупотребувале системот се изведени пред лицето на правдата.
Реформите опфатија пет клучни области: инвестиции во превенција и примарна здравствена заштита, зголемени плати за здравствените работници, проширување на позитивната листа на лекови, дигитализација на системот и зголемена транспарентност во трошењето на јавните средства.
„Здравството не е збир од бројки, ниту протоколи. Здравството е срцето што трепери на вест за дијагноза. Мајката што чека на ходник со страв и надеж во иста рака,“ рече Мехмедовиќ, додавајќи дека реформата е жив процес што продолжува со секој човек кому му е вратена надежта.
Дискусијата беше дел од активностите на Движење ЗНАМ – за наша Македонија, со цел унапредување на јавните политики, јакнење на институциите и зголемување на транспарентноста.