СОЗДАВАМЕ ЧИСТА ОПШТИНА И ЈА МЕНУВАМЕ ЕКОЛОШКАТА СЛИКА НА КУМАНОВО
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска на прес конференција зборуваше за животната средина. Нешто што, како што рекоа, е поважно од сите нас во наше Куманово. Таа е заеднички дом за сите нас. Дишеме ист воздух, делиме ист простор и одговорни сме за истата иднина – затоа мораме заеднички да ја чуваме, нејзиното штитење е голем предизвик за сите нас. Предизвик кој сме должни да го надминеме и да го реализираме во целост, рече кандидатот за советник од советничкајта листа на ЗНАМ Тамара Тренчевска.
Нашата цел е да ја подигнеме еколошка свест и да создадеме зелена и чиста Општина, во која секој граѓанин ќе има можност за здрав живот. Затоа движењето ЗНАМ – за наша Македонија во програмата за Куманово предвиде серија проекти, активности и заложби како да стигнеме до посакуваната цел.
Таа ги наведе приритетните проекти што се предвидени во програмата:
♦ Поставување на соларни панели на јавни објекти, установи и институции и енергетско ефикасни фасади.
♦ Интегриран систем за селекција, сепарација, транспорт и преработка на отпад.
♦ Дигитална контрола и мониторинг за регулирање на бучава во угостителски објекти.
♦ Видеонадзор на јавни површини и точки од јавен интерес за заштита на имот и животна средина.
♦ Ширење на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа со фокус на јавни објекти, индустриски капацитети (с. Добрашане, нас. Карпош, индустриска зона Новини и Речица), колективни станбени згради и домаќинства.
♦ Намалување на цената за приклучок на гасоводна мрежа.
♦ Зајакнување на капацитетите на Сектор за инспекциски надзор во Општината.
♦ Зајакнување на капацитетите на ЈП „Чистота и зеленило“ и зголемување на буџетот за одржување на хигиената.
♦ Зголемен интензитет на перење на улици и плоштади.
♦ Замена на сите постојни надземни контејнери во централно подрачје со полуподземни контејнери.
♦ Поставување на дополнителни контејнери за селекција на отпад.
♦ Нови контејнери на локации каде што има потреба.
♦ Поголем број мали корпи за отпадоци на јавни површини со висока фреквенција.
♦ Зголемена инспекциска контрола на критични подрачја и речни корита.
♦ Континуирано чистење на речните корита во градот.
♦ Зголемена едукација за екологија на учениците од најрана возраст.
♦ Продолжување на Субвенции за користење на клима уреди.
♦ Кампањи за подигнување на јавната свест за заштита на животната средина со поддршка на НВО, активизам и волонтерски организации.
♦ Поставување мерни станици за квалитет на воздух на повеќе клучни локации.
На тој начин, со секојдневни активности и заложби ќе ја менуваме еколошката слика на Куманово. Сите заедно, нагласи Тренчевска, да посветиме особено внимание на спречување на загадувањето на воздухот, водата и почвата, хигиената на јавните површини, како и на правилно управување со отпадот. Сите заедно да го направиме Куманово пример за чист зелен и достоинствен град!