
Бендевска: “Моменталната власт ‘џабе’ се крие под терминот мултикултурно општество, кога тие ја направија Македонија бинационална држава!”
Почитувани,
Во денешната дебата на ТВ 24 во Битола, на која учествуваа носителите од изборната единица 5 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, ВМРО – ДПМНЕ, Левица и СДСМ, носителката од ЗНАМ на прашањето дали Македонија заслужува подобро правосудство изјави “Македонија мора да добие вистинско независно правосудство. Движењето ЗНАМ воопшто не се согласува со ветингот, бидејќи ветингот значи дека ќе бидат простени делата каде што наместо правда било испорачувано неправда” и додаде “Предлагаме укинување на доживотниот мандат, судиите ќе се избираат редовно на секои 6 години. На тој начин ќе може да се воспостави и контрола на квалитетот на нивната работа. Државниот јавен обвинител ќе мора да се избира со дво-третинско мнозинство на предлог на опозицијата. На тој начин сериозно од темел ќе почнеме да го решаваме проблемот со судството од темел.”
На репликата кон г-динот Митревски околу уставните измени – “Вие гласавте уставни измени во кои ја направивте Македонија анационална држава, односно збир на повеќе народи. Како се чуствувавте кога спротивно на волјата на 80% од граѓаните ги донесовте ти уставни измени?” таа не доби јасен и конкретен одговор.
На прашањето за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и формирање на македонска национална платформа таа посочи дека “Мене ми изгледа многу симпатично кога ВМРО-ДПМНЕ си позајмува идеи кои што ние ги промовиравме први на почетокот на оваа година. Најавуваме потпишување на гаранција и дефинирање на македонски национални црвени линии. Секој што ќе ги прифати и ќе го потпише тој документ може да рачуна на ЗНАМ како коалиционен партнер.” Бендевска потоа нагласи “Јасно кажуваме дека нема да коалицираме исклучиво со сегашното раководство на СДСМ, бидејќи ги сметаме за директни виновници за состојбата на Македонија заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ.”
Понатаму таа изјави “Мора да престане македонецот во сопствената држава да се чуствува како граќанин од втор ред. Токму тоа не тера да ги предложиме македонските национални црвени линии, а потоа со сите етнички заедници во Македонија да продолжиме да градиме просперитетно мултикултурно општество кое не дискриминира.”
Бендевска искоментира и дека моменталната власт ‘џабе’ се крие под терминот мултикултурно општество, кога тие ја направиле Македонија бинационална држава.
На прашањето за евроинтеграцијата Бендевска посочи “Евроинтеграции да, но под исти услови како и сите останати земји членки на ЕУ. Со задоволување на копенгхашките услови и никако поинаку. Уцени и условувања од други земји никако!”
Во однос на партиските вработувања таа одговори “Ние во нашата програма која ја нарековме ПРОГЛАС ЗА ДОСТОИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА ветуваме целосна комплетна департизација на јавната власт и државните институции, како и укинување на било какви етнички квоти. Вистинскиот човек на вистинското место! Тоа е начинот со кој што ќе можеме младите да ги задржиме тука. Одливот на мозоци е фрапантен и мора да престане.”
Во делот на економските програми на партиите Бендевска го посочи примерот со РЕК Битола и одговори “Ние сме најзагрозеното население и ги трпиме штетните последици. Ќе се залагаме во делот на енергетиката да престанат коруптивните зделки, во и околу регионот на РЕК Битола. Моментално електричната енергија во РЕК се произведува со купен јаглен од Грција со повисока цена од домашниот јаглен. Денес во РЕК Битола јаглен ископуваат приватни компании и не се користат сопствените ресурси. Затоа Македонија мора да гради нови капацитети со сопствени сили за да Македонија стане енергетски независна и самоодржлива земја.”
За крај, Бендевска изјави дека “Пратеникот треба да ги знае своите уставни ингеренции и треба да знае дека е највисок претставник на власта освен уставната позиција на претседателот на државата. Личниот интегртитет е многу важен за секој пратеник да може да биде вистински претставник на граќаните кои што го бирале и од кого го црпи својот легитимитет.”